Вицешампионката од Австралија Опен, Петра Квитова имаше потресна исповед пред фановите после финалето на грен слем турнирот во кое победи јапонската тенисерка Наоми Осака. Чехињата со вознемирен тон но со голема самодоверба зборуваше за инцидентот на крајот од 2016 година. Квитова се здоби со тешки телесни повреди на раката, откако крадец влезе во нејзиниот дом и ја нападна со нож.

  • Ова е потполно лудо и неверојатно, бидејќи не верував дека повторно ќе можам да фатам рекет во рацете после повредата и операциите кои ги имав. За враќањето во тенисот заслужен е тимот со кој работам. Кога јас изгубив секаква волја никој не ме остави и секогаш ме тераа напред иако јас не можев никако да погледнам. – изјави Квитова.

28-годишната тенисерка во манир на голем спортист и честита на Осака за титулата и првото место на ВТА листата. – Финалето беше супер. Одигравме добар тенис. Двете дадовма максимум но Наоми беше подобра. Сакам да и честитам за титулата и за првото место во светскиот поредок.

Квитова останува на двете титули од грен слем турнирите. Чешката тенисерка во 2011 и 2014 година триумфираше на Вимболдон, додека Осака исто така има две титули. Претходно, Јапонката победи на УС Опен.

OhridNews