Српскиот фудбалер Душан Влаховиќ е еден од тројцата играчи заразени со коронавирусот во екипата на Фиорентина. Вирусот кој го „нокаутираше“ спортот во Европа на Влаховиќ му бил дијагностициран во петокот вечерта. Сите фудбалери на Фиорентина се наоѓаат во карантин, а Влаховиќ морал да посети доктор поради симптомите кои ги имал.

Дома бев и спиев, кога се разбудив доцна во ноќта имав висока температура. Зедов топломер и видов дека имам над 37 степени. Испив некои лекарства и легнав. Мојата здраствена ситуација после се влоши, кренав температура 39 и почна многу да ми се лоши. Ги повикав луѓето од клубот, кои, веднаш ме одведоа на доктор и ме задржаа. Сега одмара и добро се осеќам. – изјави Влаховиќ.

20-годишниот фудбалер го очекува карантин од 14 денови, кои, се потребни за целосно опоравување и исчезнување на вирусот..

Да, ме очекуваат две недели мирување. Ќе бидам во изолација, далеку од моите роднини и пријатели. Никој немам видено од соиграчите, но верувам дека и тие се добри. – додаде Влаховиќ.

Во тимот на Фиорентина заразени од коронавирусот се Патрик Кутроне, Ерман Пецеља и фиозитерапевтот Стефано Даинели.

OhridNews