Двајца “преваранти” смислиле итар план како да заработуваат од поштата во Англија. Тие на интернет се претставувале како продавачи на таблет компјутери од компанијата “Apple” кои нивните производи ги испорачувале по препорачана и осигурана пошта.
Тие заработувале по 3000 евра така што во оригинална кутија на “iPad” пакувале парче мраз кое се топело и водата испарувала додека пратката пристигнела до крајниот купувач, а откако тој ќе видел дека кутијата е празна се жалел до поштата која им исплаќала оштета на испраќачите за “украдениот” производ.
Тие биле фатени кога вработена во поштата во Англија забележала како тече вода од кутијата која сакале да ја испратат, па ја повикала полицијата.