Писмото кое и било испратено на една жена во Калифорнија за време на втората светска војна, било испорачано со скоро 70 години задоцнување, но не на лицето за кое било наменето. Весникот Монтгомери објавил дека писмото од местото Монтгомери, Алабама, од 9 август 1944 година било адресирано до госпоѓицата Р.Т.Флечер.
Како место на испораката била наведена адресата на болницата на Црвениот Крст во кампот Робертс, Калифорнија. Згарадата во која се наоѓала болницата била срушена пред неколку години. Жените кои работеле во неа биле болничарки или службенички. Кампот бил затворен 1970 година, па писмото било испорачано на иторискиот музеј.