Државата денеска исплати 94.000.000 денари субвенции за полјоделство. Финансиската поддршка за посеани површини со полјоделски култури била исплатена на 7.181 земјоделец, соопшти Министерството за финансии.

Владата на земјоделците им исплаќа по 9.000 денари по хектар посеана површина полјоделски  култури, а од 2014 година ја зголеми поддршката за пченицата за која субвенцијата ја зголеми на 12.000 денари по хектар.

Владата на Република Македонија, како што наведуваат во соопштението, ќе продолжи и во иднина да го поддржува полјоделството со субвенции, како и останатите гранки во земјоделството.

OhridNews

 

полјоделство