Владата на Република Македонија вчера исплати 130 милиони денари субвенции за градинарски култури. Министерството за финансии соопшти дека овие средствата биле исплатени на сметките на 8.595 земјоделци.
Во рамки на Програмата за субвенционирање, земјоделците добиваат од 25.000 до 30.000 денари по хектар засадена површина со градинарски култури.
Според најавите и во иднина е планирано да се поддржува градинарството како и сите останати гранки во земјоделството.
OhridNews