Владата на Република Македонија вчера продолжи со исплата на надомест за штетите од временските непогоди кои се случија годинава. Исплатени се 2,3 милиони денари на 105 лица од Охрид, Радовиш и Кратово.

-Владата на РМ и понатаму ќе продолжи со обесштетување на граѓаните кои претрпеа штети од невремето годинава, како што е ветено, се вели во соопштението од Министерството за финансии.

Оттаму соопштија дека вчера, исто така, се исплатени 1,9 милиони денари субвенции на сточари за обележани грла говеда.

OhridNews