Владата на денешната седница ја разгледа и усвои Информацијата за исплата на пензии за ноември 2021 година и го задолжи Фондот за пензиско и инвалидско осигурување да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 25 Ноември, врз основа на што деловните банки ќе можат да обезбедат пензионерите да може да располагаат со ноемвриските пензии преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа од 26 ноември.
Владата им препорачува на деловните банки преку филијалите и експозитурите на банките да обезбедат готовинска исплата на пензии за клиентите кои не користат картички, во четири групи.
Пензиите ќе се исплаќаат според висината на пензијата. За пензии со висина до 11.000 денари, исплтата ќе се врши на 26.11.2021 година (петок), пензиите со висина 11.001-14.000 денари, ќе се исплатат на 29.11.2021 година (понеделник), пензии со висина 14.001-18.000 денари ќе се исплатат на 30.11.2021 година (вторник) и пензиите со висина над 18.001 денари ќе се исплатат на 01.12.2021 година (среда).
OhridNews