Исплатата на јануарските пензии ќе почне од утре, најавуваат од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување.

Оттаму информираат дека пензиите ќе бидат аконтативно зголемени за 3,5 отсто, што е редовно шестмесечно усогласување со порастот на плати и трошоци на живот. Од фондот потесетуваат дека сите пензии се исплатуваат преку
трансакциски сметки преку банките или Македонски пошти. На тој начин пензијата ја примаат околу 250.000 пензионери, додека на 18.000 корисници пензијата им стасува на домашна адреса.

Ohridnews