Од понеделник, 29 мај, започнува исплатата на мајските пензии. Владата го задолжи Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Северна Македонија да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 26 мај.
Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите кои не користат картички, ќе се реализира во четири групи, според висината на пензиите и тоа:
• за пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 29.05.2023 година (понеделник);
• за пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата да се изврши на 30.05.2023 година (вторник);
• за пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплатата да се изврши на 31.05.2023 година (среда) и
• за пензии со висина над 18.001 денари, исплатата да се изврши на 01.06.2023 година (четврток).
Пензионерите кои користат платежна картичка, поврзана со сметката на која се префрлува пензијата, независно од висината, со парите ќе може да располагаат веќе од понеделник.
OhridNews