Владата на 112-та седница донесе одлука исплатата на декемвриските пензии да почне од 27 декември 2022 година.
Владата им препорача на деловните банки да обезбедат пензионерите да може да располагаат со декемвриските пензии преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа од овој датум.
За клиентите кои не користат картички, банките преку своите филијали и експозитури треба да обезбедат готовинска исплата во четири групи според висината на пензијата.
За пензиите со висина до 11.000 денари, исплатата ќе се изврши на 27 декември 2022 година, пензиите со висина од 11.001 до 14.000 денари ќе бидат исплатени на 28 декември, пензии во висина од 14.001 до 18.000 денари на 29 декември, а на пензии со висина од над 18.001 денари исплатата ќе се изврши на 30 декември 2022 година.
OhridNews