Шест велосипедисти се отруле и се хоспитализирани откако случајно испиле детергент за перење алишта на трка во Норвешка. Детергентот се делел промотивно на трката во Рени, близу Осло. Малите шишенца детергент на кои меѓу останатото пишувало „Актив спорт“, биле поделени на секој од натпреварувачите пред ‘Fredagsbirken’ трката, која неколку пати морала да биде прекината бидејќи натпреварувачите се чувствувале лошо. Подоцна организаторите морале секое од шишенцата да го означат со натписот „Предупредување. Да не се пие. Ова е сапун“, како би ги спречиле останатите натпреварувачи во испивањето на детергентот.

Тој детергент е релативно нов произовд. Неговата линија „Актив спорт“ е осмислена за перење алишта после тренинг, што е причина зошто производот се делел на трката. Портпаролот на Лилеборг, спонзорот на настанот изјавил дека мислеле како според налепницата било очигледно дека производот е детергент, но земајќи во предвид што се случило, повторно ќе направат проценка дали налепницата била доволна. Производот бил означен според меѓународните регулативи. Таа количина детергент не е смртоносна, но течноста е дизајнирана да произведува пена е сапуница и не е прилагодена за реакција со желудочните киселини.