Победник на првиот натпревар во брзо пиење пиво во Грузила бил Автандил Бурѕанадзе од главниот град Тбилиси, кој испил три кригли пиво за 16,97 секунди, јавиле грузиските медиуми.
Тој резултат, според медиумите, е апсолутен светски рекорд и организаторите на натпреварот веруваат дека ќе влезе во Гинисовата книга на рекорди. Учесниците на овој натпревар морале во што пократко време да испијат три кригли темно пиво од 0,4 литри.