Германската полиција ги предупредила граѓаните да не го пијат гелот за туширање кој го добиле како подарок за време на минатонеделниот карневал, откако еден човек го консумирал мислејќи дека е јогурт.
Неидентификуваниот германец, кој има повреди на устата и грлото, не можел да ја прочита етикетата на италијански, а единствениот збор кој го разбрал бил јогурт.
опасен “јогурт“
Полицијата не знае дали уште некој имал проблеми со гелот за туширање кој бил поделен во текот на карневалот во Лампертхајм, јужно од Франкфурт. Тони подароци, главно слатки се делат во текот на овој карневал. Најголем број од нив се евтини производи од Турција или други делови на Јужна Европа кои не се продаваат на меѓународниот пазар, па текстот на етикетите не е преведен.
ohridnews