Британски студент пиел по четири лименки пиво дневно, и така три години, за да собере доволно материјал за изработка на верна копија на „Форд Мустанг“ од 1965 година. Како што објаснува, брзо се навикнал на зададената доза, а поради верноста кон одреден вид пиво производителот му се заблагодарил на трудот и, секако, на бесплатната реклама.
„Мустанг“ од лименки пиво !
23-годишниот британски студент Џек Кирби пред неколку години си задал јасна цел-да направи автомобил во природна големина од лименки пиво.За да биде креацијата во потполност негова, тој не посегнал по стари лименки од отпад, туку три години секојдневно пиел по четири пива , и на крајот собрал доволно материјал за амбициозниот проект.
„Беше навистина тешко! Мислам дека сега ќе испијам по некоја лименка, онака неоптоварено, да прославам“, низ смеа додал студентот кој ,после тригодишната верност кон пивото, од потрошените лименки направил верна копија на популарниот Форд Мустанг од 1965 година.
index