Едно момче во Тунис, умрело откако ја добило опкладата дека може да изеде 28 живи јајца наеднаш, објавиле медиумите. Дау Фатнаси од градот Каитуан, ги голтал јајцата едно по друго, бидејќи со пријателите се опкладил за одредена сума пари.
Откако успеал во својот подвиг му се слошило и починал на пат кон болницата, јавиле локалните медиуми од Тунис.