Жителите на Исланд, чиј вулкан Ејафјалајокул еруптираше во април, на различни начини се обидуваат да се ослободат од пепелта, па некои од нив одлучиле и да го продаваат. Еден од продавачите, Софус Густавсон продава стаклени тегли, во кои е наоѓаат 160 грама темно сива пепел, за 24 евра по тегла. Пепелта се продава под опис на сувенир кој ќе потсеќа на еден многу важен историски настан.


Познато е дека вулканскиот облак одложи голем број авионски летови. Густавон одлучил целиот приход од продадената пепел да го подари на организацијата „ИЦЕСАР“, која учествува во отстранувањето на пепелта заедно со локалните фармери.