Македонската фудбалска репрезентација загуби на гостувањето во Исланд со 1-0. За Македонија ова беше вториот пораз во третиот натпревар во 9 -та  квалификациска група за СП 2010.

Селекцијата на Исланд голот вреден три бода го постигна во 15 минута преку Гунарсон.

Македонските фудбалери уште еднаш не потсетија за која земја играат. Комплетната одбрана киксираше за голот, за да потоа потфрли буквално целиот напад.

Македонските напаѓачи предводени од Пандев едноставно се изнапромашија. Ретко кој памети натпревар на кој Македонија имала толкав број  стонастотни шанси, но уште поретко волкав број на промашени прилики.

Промашувањата на Пандев во чекор ги следеа Мазнов, Ристиќ, Стојков, Тасески и Шумоликоски.

Во остантиот натпревар во нашата група Холандија минимално 1-0 со голот на Ван Бомел ја совлада Норвешка.

Табела :
Холандија 9, Шкотска 4,  Исланд 4 Македонија 3, Норвешка 2,

М.Постоловски