Екстремната сунитска организација Исламска држава ја презема одговорноста за нападот во црквата на северот од Франција, во кој беше убиени 84-годишен свештеник, а уште едно лице е тешко повредено. Објавата на Исламската држава следеше кусо по нападот преку новинска агенција којашто се смета за блиска до оваа џихадистичка групација, и во неа се наведува дека двајцата напаѓачи биле нејзини „војници“. Нападот, се додава, бил одговор на повиците на терористичката организација да ги напаѓаат државите кои учествуваат во меѓународната коалиција предводена од САД која „води војна против Исламската држава“ во Сирија и во Ирак.
„Соочени сме со Исламската држава, којашто ни прогласи војна. Мораме да ја водиме оваа војна со сите средства, почитувајќи ги правата по коишто сме демократија. Терористите сакаат да нé разделат“, изјави францускиот претседател Франсоа Оланд. Најави дека ќе се сретне со надбискупот на Нормандија, по што ќе има средба со челниците на сите конфесии во земјата. „Нападнати се сите Французи. Затоа мораме да останеме единствени, заедно, во заедништво кое никој нема да може да го разбие“, порача Оланд.
Нападот се одигра јужно од градот Руан, во црквата Сен-Етјен-ду-Рувре“. На свештеникот Жак Амел, ракоположен за свештеник уште во 1958 година, му беше пресечен гркланот, а уште еден заложник е во критична состојба,. Напаѓачите беа убиени од полицијата.
Еден од напаѓачите наводно од претходно ѝ бил познат на полицијата. Се обидел да замине во Сирија во 2015 година и враќето во Турција бил уапсен поради сомневање дека е поврзан со терористичка мрежа. Пуштен бил со електричен надзор, живеел со родителите и имал право да ги напушта домот од 8.30 до 12.30 часот, изјавил за АФП извор близок на истрагата.
OhridNews
извор Макфакс