Терористичка џихадистичка организација Исламска држава денеска ја презеде одговорноста за нападот од четвртокот во јужниот француски град Ница во кој беа убиени 84 луѓе.
„Лицето кое ја изведен операцијата во Ница, Франција, и ги покоси луѓето е еден од војниците на Исламската држава“, објави новинската агенција Амаљ, блиска на екстремната сунитска организација Исламската држава, на својот акаунт на Telegram,
„Тој ја изведе операцијата како одговор на повиците за цел да се земат државјани на земјите кои учествуваат во коалицијата која се бори против Исламската држава“, се додава во соопштението.
Истовремено во Париз, францускиот претседател Франсоа Оланд денеска го свика својот кабинет за безбедност на седница на којашто се разгледуваат мерките за безбедност, додека истрагата настојува да ги утврди мотивите за нападот со камион во Ница во кој беа убиени 84 луѓе, а повеќе од 200 беа поведени.
Иако истрага сé уште не може да утврди дали напаѓачот имал контакти со радикалните исламисти, францускиот премиер Мануел Валс вчера тврдеше дека „на овој или оној начин нападот е поврзан со верски екстремизам“.
Во меѓувреме, таткото на напаѓачот, по потекло од Тунис, инсистираше во изјава за агенцијата АФП дека неговиот син не бил религиозен. „Не се молеше, пиеше па дури и земаше дроги“, изјави таткото на 31-годишниот Мохамед Лауеиж Булел, кого полицијата го уби откако повеќе од два километра возеше низ толпата луѓе на главното градско шеталиште во Ница.
Француската полиција во денеска наутро уапси три лица во Ница во рамките на истрагата за нападот кој се случи во четвртокот вечерта на прославата на францускиот национален празник Денот на падот на Бастилја – 14-ти јули. Француските власти и натаму се обидуваат дали напаѓачот дејствувал во соработка со помагачи и дали неговиот мотиви се поврзани со радикалниот ислам.
OhridNews
Извор:„Макфакс“