Исламска држава ја презеде одговорноста за вчерашните напади во Париз преку соопштение објавено на интернет. Нападите се дело на екстремистичката милиција ИД, изјави претходно францускиот претседател Франсоа Оланд, објави Deutsche Welle
Претходно, францускиот претседател Франсоа Оланд денеска изјави дека терористичките напади во Париз биле организирани однадвор, со помош на лица во Франција. Тие одат на контото на терористичката група Исламска држава.
Истрагата треба да го разјасни учеството на помошници и соучесници во Франција. „Преземени се сите мерки заради заштита на нашите граѓани и нашата државна територија“, истакна Оланд.
Во земјата е прогласена тридневна жалост, а за в понеделник претседателот на државата свика вонредна седница на Конгресот, односно двата дома на Парламентот.
OhridNews
Извор: Deutsche Welle