Исламска држава(ИД) во вторник ја презеде одговорноста за нападот со камион на божикен саем во Берлин, во кој во понеделник загинаа 12 луѓе, наведува AMAQ, пропагандна агенција на ова џихадистичка група, јавува „Макфакс“.

„Извршителот на операцијата…во Берлин е војник на ИД кој ја изведе операцијата како одговор на повиците мети да бидат државјани на земјите од коалицијата“, наведува AMAQ. 

Во атентатот со камион на божикен саем во Берлин беа убиени 12 луѓе, а 48 се повредени.

Извршителот на нападот и натаму е во бегство, а вечерва, во недостаток на докази, беше ослободен 23 годишен Пакистанец кој беше приведен како осомничен.

OhridNews