Светските агенции, повикувајќи се на Twitter профили коишто ги користат припадници на Исламската држава, објавија дека е погубен хрватскиот државјанин кој беше киднапиран минатиот месец во Египет. На Twitter профилите ставени се и снимки на кои се гледа наводно обезглавеното тело на Хрватот.

Хрватскиот државјанин беше киднапиран на 22-ри јули наутро, на подрачјето од Каиро, додека со службениот автомобил одел на работа. Во Египет работел за француската компанија. Исламските милитанти на 5-ти август објавија снимка која Салопек клечи во пустина покрај маскиран маж со нож во рацете и од листа хартија чита дека киднаперите ќе го убијат во рок од 48 часа доколку египетската влада не ги ослободи уапсените муслиманки. Киднаперите по тоа не се огласија, а египетските сили за безбедност покренаа голема потрага по Салопек .Хрватскиот премиер, Зоран Милановиќ најави вонредна прес – конференција во 17 часот.

OhridNews

извор Макфакс