Ракометарите на Охрид во 12-та рунда од Супер лигата на гостински терен ќе се сретнат со Овче Поле. Екипата од Свети Николе во првиот натпревар од сезоната успеа да остане непоразена во Охрид ремизирајќи 23-23.
– Со напорните тренинзи продолживме и оваа недела и не се задоволивме со бодот освоен против Пелистер. Екипата на Овче Поле години игра во Супер лигата и имаат акумулирано големо искуство кое некогаш може да пресудно на вакви натпревари. По ремито со Пелиостер во нашиот состав мотивот е голем за надигрување што исто така може да биде клучот за добар резултат против Овче Поле – рече Горан Андоновски тренер на охридските сини.
Домаќинот ќе биде ослабен со неиграњето на Василевски, кој се здоби со повреда на коленото и во аут ќе биде до крајот на сезоната. Тој на мечот со „гладијаторите“ во Охрид постигна 13 голови и го одведе тимот до реми.
– Не треба да не залажува неговата повреда и ние се подготвуваме како тој да може да настапи против нас. Гостувањата во Свети Николе не се воопшто лесни и ќе треба да дадеме се од себе за да извлечеме поволен резултат – додаде Андоновски.
Охридскиот стратег очекува фер и коректно судење на дуелот со Овче Поле, кој се игра в сабота со почеток од 19 часот.
Мх.П.