Оваа година, Првенството беше најмасовно, со учесници од 53 земји од Светот и вкупно 255 натпреварувачи меѓу кои и Македонија која за прв пат во историјата на македонското едрење настапи на првенство од Светски ранг.
Двајцата наши претставници Ердал Лушо од ЕК„ Снегар“ – Струга и Димитар Поп- Стефанија од „ЕК Амак СП – Бофор“ – Охрид, во 6 те натпреварувачки дена и покрај силниот ветар, успешно ги завршија 15-те трки и се пласираа на 237-то односно 245-то место.
Шампионатот го освои порториканецот Раул Риос, кој исторвемено е и првак на Северна Америка.
фото со победникот
Порторико на Светското првенство имаше двоен успех со освојувањето на првото место и во екипно едрење каде успеа да ја издвиои победата со меѓусебни двобои помеѓу 16 те најдобри земји во Светот.