Дестинациите ширум светот се обидуваат да го направат туризмот поотпорен и одржлив, со тоа што ќе дадат позитивен придонес за локалната заедница и животната средина, велат од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ).

Во оваа насока директорот на Агенцијата, Љупчо Јаневски и Алберт Салман, претседател на Green Destinations-сертифицирана и наградувана програма за имплементирање на практики за развој на одржлив туризам од Холандија, во рамките на ИТБ Берлин потпишаа Меморандум за соработка.

Во периодот што следи ќе се спроведат акциски програми и со заедничка работата ќе се имплементираат алатки и практики за одржливост на дестинацијата, поддршка на локалното производство, како и подигнување на свесноста за еко дестинации преку споделување на искуства и знаење од други зелени и еколошки региони, информираат од АППТ.

OhridNews