Битолските „зелено бели“ продолжуваат да ја засилуваат екипата за престојните предизвици во ЕХФ купот и македонската Супер лига. Нов ракометар кој го ангажираше Пелистер е Златко Везенкоски кој доаѓа од тимот на Макс Струмица.
Искусниот ракометар кој дејствува на средната бековска позиција е вкупно четврто засилување за Пелистер по ангажманот на Лазаровски, Колев и Тасески.
Пелистер со ангажманот на овие четири играчи и со продолжувањето на договорот на одредени ракометари покажува големи амбиции за сезоната која доаѓа.
Од сезонава „зелено белите“ имаат и нов тренер откако кормилото го презеде Касим Каменица кој еднаш со успех го предводеше битолскиот клуб.
OhridNews