Битолскиот суперлигаш Пелистер ќе гради квалитетен тим за сезоната која доаѓа во Супер лигата. Во нивните редови пристигна Раде Стојановиќ кој е поранешен репрезентативец на Македонија.


Левиот бек минатата сезона ја помина во Металург, а следната треба да биде предводник на „зелено белите“ во враќањето на врвот на македонската ракометна сцена.

Екс македонскиот репрезентативец е второ засилување за битолчани кои како прво го промовираа голманот Арсиќ.

Од сезонава палката во Пелистер ја презеде Општината која најави воскреснување на македонскиот ракометен бренд.

Ohridnews