Поранешниот помошник во А селекцијата, Костов ќе ја преземе екипата на Ал Раед, која се наоѓа на деветтата позиција на табелата во шампионатот.
По официјализирањето на шестмесечниот договор Костов за сајтот “Екипа.мк“ изјави – Ова е голем предизвик за мене, првичниот договор е на шест месеци, со можност за дополнително продолжување, доколку бележиме заедно успешни резултати. Се надевам дека добро ќе се снајдам во улогата како тренер печалбар во странство.