Влатко Костов е новиот тренер на Брегалница во која стандардно настапува охриѓанецот Сашо Ѓорески. Штипјани по завршувањето на сезоната останаа без тренер откако Бугаринот Спасов си поднесе оставка.

Управата во името на Костов го најдоа вистинско име кое ќе им ги исполни амбициите од почетокот на сезоната.

“Сините“ првата етапа од сезоната ја завршија на шестата позиција со 24 бодови, со 14 бодови заостанување зад лидерот Вардар.

Мх.П.