Во насока на подигнување на квалитетот, проширување и надградба на знаењето на учесниците но и на тренерскиот кадар кој работи со младите ракометари во Република Македонија, организаторот на ракометниот камп „40х20“, агенцијата КМГ Груп Спорт, најавува гостување на германскиот ракометен стручњак Фалк Фрустенберг на второто издание на кампот во Охрид, во улога на предавач на еднодневниот бесплатен семинар наменет за македонските тренери, кои работат со млади категории.

Имено, организаторот на кампот, во соработка Здружението на ракометни тренери на Македонија (ЗРТМ), ќе организира бесплатен еднодневен семинар, заеднички ручек и дружење на сите тренери на семинарот. Истиот е предвидено да се одржи на ден 06.07.2023 година (четврток) и е предвиден да биде реализиран во два дела.

Во рамки на првиот дел од семинарот ќе стане збиор за рамковен тренинг концепт (РТК) на Германскиот ракометен сојуз, кој претставува збир на долгорочни и развојно ориентирани обуки за млади луѓе преку пет нивоа на обука – од основна обука преку основна, напредна обука 1 и 2 до последователна обука. Обуката претставува основа за ориентација за училиштата, ракометните клубови и сите институции кои бараат таленти и го промовираат ракометот.

Вториот дел е практичен и ќе се реализира на терените, во попладневните часови во комплексот на Хотел „Аквалина“.

OhridNews