Пред неколку дена засега непозанти сторители ја обиле и ограбиле канцеларијата на КК“Колибри“ која се наоѓа во комплексот Трудбеник. Провалниците ги скршиле прозорците од објектот и оттаму однеле спортски реквизити, топки, маички , дресови, тренерските лиценци, при што е направена поголема материјална штета.
За упадот инфомиран е СВР Охрид, чии екипи направија увид на лице место. Како што неофицијално дознаваме полицијата има индиции и осомничени лица за предизвиканиот инцидент.
Жалосно е што во нашиот град наместо да се подржува и развива спортот, група или поединци го уништуваат и тоа што одредени клубови со голема мака се обидуваат да го изградат.
М.Постоловски
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com