Искршени и оштетени дел од спортските реквизити, како и дел од оградата на терените во Спортско рекреативниот центар “Билјанини Извори”. Од таму велат многу пати е апелирано да се престане со ваквото недолично однесување на поединци кои ги уништуваат спортските реквизити.

За жал колку и да се обидуваме да овозможуваме подобри услови за сите корисници на Спортско рекреативниот центар “Билјанини Извори”, без разлика дали станува збор за рекреативци и обични граѓани или спортисти, толку некој друг се обидува тоа да го уништува. Апелиравме многу пати до сега ќе апелираме и денес да се престане со ваквиот начин на третирање на спортската инфраструктура и спортските реквизити кои се дел од спортскиот центар, велат од ЈП „Билјанини извори“.

Во овој случај ние сето ова го изнајмуваме бесплатно и со голема почит кон сите љубители на спортот посебно најмалите затоа навистина не можиме да разбериме зошто во континуитет сето ова се случувa, велат од ЈП „Билјанини извори“.

И покрај апелите, за жал, речиси да нема игралиште на СРЦ „Билјанини извори“ каде нема оштетувања на спортските реквизити и инфраструктурата.

OhridNews