На неодамна ревитализираниот дрворед од јасени по булевар „ АСНОМ“ искршени се 15 стебла кои беа засадени од страна на екипи на  „Охридски Комуналец“ .

– И покрај напорите на нашето претпријатие за подигнување на еко-свеста и зачувување на јавните урбани добра, постојано се случуваат вакви немили настани со кои се уништува зеленилото кое треба да им служи и на идните генерации, велат од јавното претпријатие.

Ова не е прв случај на уништување на јавните површини од страна на  несовесни поединци.     

          OhridNews