Црвен крст Охрид во соработка со Кабинетот за трансфузиологија при болницата “Св.Еразмо” и трансфузиолошката служба при Општа болница Охрид, под мотото “ИСКОРИСТИ ГИ ТВОИТЕ 5 МИНУТИ ДА СПАСИШ НЕЧИЈ ЖИВОТ – ДАРУВАЈ КРВ”, традиционално, по седми пат ја организира крводарителската акција “ПЛАОШНИК 2009”.

Од Црвениот крст очекуваат во акцијата што ќе се одвива на денот на Св.Климент Охридски, 8-ми август (сабота) од 18:00 часот па до 14:00 часот наредниот ден (09 август-недела), голем број охриѓани и туристи да ја покажат својата хуманост.

Организаторот на акцијата на сите крводарители ќе им возврати со должно внимание, благодарност и скромен подарок за сеќавање на хуманиот гест.

Ohridnews