Организаторите на Атлетскиот викенд „Охрид трчаТ“ нудат одлична можност за учесниците, кои, своето учество ќе го пријават најдоцна до 20 мај. На секој учесник кој ќе се пријави до 20 мај на стартниот пакет односно бројчето ќе стои и негово име.

Пријавувањето на второто издание на најголемиот и најорганизираниот спортски хепенинг во градот можат да го направат онлајн на официјалната страница на Ohridtrcat.mk.

На настанот број еден во Охрид за оваа година се очекува да учествуваат околу 800-900 вљубеници во трчањето, а Охрид ќе се најде и на туристичките мапи, кои, нудат вакви можности.

Главниот настан ќе се одржи на 3 јуни, а финалното одбројување започнува од в сабота на 19 мај со ноќната трка.

OhridNews