Летниот одмор со доста движење и исхрана богата со овошје и зеленчук може да направи чуда за нашиот имунитет.

Летото ни дава можност да го поправиме своето здравје на повеќе начини, најмногу со изобилството на одлични плодови кои на нашето тело му ги даваат сите потребни хранливи состојки, витамини и минерали.

Еден од главните проблеми на денешницата е стресот, кој со забрзаниот начин на живот многу влијае врз слабеењето на имунитетот, што не доведува во опасност од разни алергии и болести кои нашиот имунитет ако би бил со полна сила би ги одбил без проблем.

Научниците докажале дека алергиските реакции се најдобри показатели за слабеење на имунитетот, а во главните причини за неговото слабеење го вбројуваме стресот, загаденоста на околината, лошите навики за исхрана, недостаток на сон и физички вежби.

Летниот одмор со доста движење и исхрана богата со овошје и зеленчук може да направи чуда за нашиот имунитет, а особено две намирници во тоа многу ќе ни помогнат.

Лукот, без кој медитеранската исхрана не би била она што е, докажано содржи двесте активни супстанции кои се добри за нас – од етерични масла кои содржат сулфур, минерали на фосфор, јод, калциум, калиум, селен и железо, преку витамини А, Б1, Б2, Ц до азотни материи, аминокиселини, ензими. Сето ова има фантастично добро влијание врз нашето здравје.

Другата суперхрана е грејпфрутот, кој освен витамин Ц содржи и цитрофит, еден од најдобрите билни препарати за зајакнување на имунитетот, а обично го консумираме во екстракт од семе од грејпфрут. Цитрофитот е природен антихистаминик кој ги намалува последиците од алергиите без никави нуспојави.

Затоа, навалете на овие две чудесни намирници и искористете го летото за зајкнување на имунитетот.

извор: metro-portal.hr