Австралиските работници пред погрешна куќа во Бризбејн ја ископале градината и искорнале десет палми, за да ја припремат земјата за изградба на базен. Во копањето ги прекинал еден агент за продажба на недвижности.


Сопственикот, Питер Колард, ја продавал куќата, а осигурувањето наводно нема да му ја плати штетата. Колард бил повикан од агентот кој му рекол да побрза дома бидејќи некој му ја копа градината пред куќата. Работниците веројатно сватиле дека се пред погрешна куќа и побегнале од местото на настанот.