Водоинсталатерот Петси Кер од гратчето Омага во Ирска, верувале или не, ископал тунел од својата спална соба до кафана која се наоѓа 800 метри од неговата куќа. За овој неверојатен подвиг му биле потребни 15 години. На ваква необична идеја дошол откако го гледал филмот „Бегство од Шошенк“. Причина, неговата сопруга ‘рчела прегласно. Но на крајот Петси Кер морал на суд бидејќи поради негово невнимание под куќата на соседот пукнала канализационата цевка. Тој на суд раскажал се во врска со неговиот тунел, како и причините поради кои копал претходните 15 години.
Раскажал дека почнал да копа дупка под креветот во правец на пабот. Ги користел сите можни видови алат, од лажици до бушалка за тунел која успеал да ја однесе во тунелот кога сопругата била во шопинг. Дури во 2009 година успеал да излезе на другата страна, и тоа во женскиот тоалет. Кер претходниве пет години секоја ноќ одел во пабот во 11 часот навечер, а се враќал во еден часот после полноќ. Неговата сопруга не ни насетувала што прави нејзиниот сопруг и каде оди кога таа ќе заспие. Изјавил дека му било драго што бил провален. Сопругата секое утро му велела дека мириса на алкохол, а тој и одговарал дека тоа е негов природен мирис. Било прашање на време кога некој ќе свати што прави. Сопственикот на пабот секогаш се прашувал како секогаш се појавува од никаде во исто време и како исчезнува од женскиот тоалет.