Еден американски фармер од Ајова ископал во сопствениот двор остатоци од праисториски мамут, пренеле американските медиуми. Како што често се случува во археологијата, до ова откритие, фармерот дошол сосема случајно пред две години. Тој раскажал дека собирал капини со своите дева кога здогледал како под земјата има нешто необично. Поттикнат од љубопитноста ископал коска подолга од еден метар.
Цели две години откритието го криел од јавноста. Во меѓувреме, продолжил со ископувањето на пронашол други коски. Оваа година конечно решил да се обрати до експертите при Природонаучниот музеј на Универзитетот во Ајова, кои востановиле дека тоа навистина се коски од мамут стари помеѓу 12 и 100 илјади години.

Џон, кој сега е и официјален сопственик на коските на мамутот, својата неверојатна колекција ќе ја изложи во својата дневна соба. На прашањето на новинарите каква намера има со нив, палеонтологот аматер одговорил дека не е сигурен дали можеби ќе изгради посебна просторија во која ќе ги склопи коските на целиот мамут.