Кошаркарите на Охрид забележаа вредна победа против директниот конкурент во битката за опстанок Кожуф од Гевгелија. Вечерва во салата „Билјанини извори“ ГКК Охрид во неизвесен финиш славеше 74:72 (36:31).

Охриѓани ја добија првата четвртина 14:12, а втората 22:19 и со предност од 5 поени замина на полувремето. Кожуф не се предаваше и не дозволи домаќинот да се одлепи. Гостите го добија третиот период 17:19, што беше вовед во драматичната четврта четвртина. Кожуф имаше напад за пресврт но при резултат 71:69 гостите не реализираа удар за три поени. Охрид казни со лесни 2 поени на Димовски, но Караџовски на спротивната страна возврати со тројка од 10 метри на пет секунди до крајот. По брзиот фаул, Охрид реализира едно слободно, а по промашеното второ време за напад на Кожуф повеќе немаше.

Најефикасни во редовите на Охрид беа Димовски 16 поени и 12 скока, Андерсон 16 поени и Ибраими 13. На спротивната страна Караџовски уфрли 21 кош.

Од 9 -12 место на табелата каде се наоѓа и Охрид, екипите имаат идентичен скор 3-11, што трката за опстанок ја прави максимално неизвесна.

Г.М.
Фото: Архива