Седум илјади градови низ светот, во рамки на иницијативата „Часот на планетата Земја“, денеска, ќе го исклучат осветлувањето на еден час.
„Часот на планетата Земја“ е глобален повик до поединците, компаниите и
секоја општествена заедница да преземе одговорност и да се вклучи во
акцијата за штедење на енергија и зачувување на енергетските ресурси, а
со тоа и на заедничката иднина.
Кон ацијата по четврти пат ќе се приклучи Македонија. Во периодот од 20:30 до 21.30 часот по локално време треба да ги исклучиме
светилките со што ќе ја покажеме нашата солидарност и ќе се приклучиме на акцијата за борбата против климатските променина која годинава ќе се одвива во 150 држави.