На 05/06.10.2019 на целото подрачје на СВР Охрид беше спроведена акциска контрола за откривање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол.

Од МВР информираат дека во акцијата било констатирано дека 13 возачи на моторни возила, од кои еден во Охрид, а осум во Струга, управувле возила под дејство на алкохол.

Тие биле исклучени од сообраќај и им биле одземени возачките дозволи. За сите прекршоци изречени се соодветни санкции.

OhridNews