Една 85-годишна жена од Австрија искинала на ситни парчиња банкноти во вредност од речиси милион евра во очигледен обид да им наштети на своите наследници. Како што пренесуваат агенциите, после смртта на старицата, чие име не е наведено, на нејзиниот кревет во собата во домот за стари лица во кој живеела, пронајдени се искинати банкноти со вкупна вредност од 950 илјади евра, како и неколку штедни книшки на кои ги снашла истата судбина. Државниот обвинител Ерих Хабицл ја потврди веста, додавајќи дека не може да стори ништо за наследниците.
Истакна дека штетата врз банкнотите кои биле во сопственост на починатата госпоѓа не претставува кривично дело, и поради тоа нема истрага за случајот. Сепка, медиумите јавуваат дека роднините на старицата најслатко ќе се смеат, бидејќи Централната австриска банка најави дека ќе ги замени парите. Претставник на банката изјави дека доколку наследниците ги пронајдат деловите од банкнотите и под услов потеклото на парите да биде отврдено, тогаш се ќе биде надоместено. Заклучил дека доколку не ги заменат парите, би казниле погрешно лице.