Еден жител на Колорадо искашлал клинец од 2,5 сантиметри на лекарски преглед на кој било утврдено дека во неговата глава се наоѓа некаков метален предмет.
72-годишниот Пракс Санчез отишол на преглед со магнетна резонанца, но лекарите наеднаш го прекинале прегледот штом ги виделе снимките. Веднаш после прегледот Санчез искашлал клинец за кој лекарите навеле дека во неговата глава се наоѓал околу 30 години.
Силата на магнетната резонанца најверојатно довела до поместување на клинецот во организмот на Санчез. Тој не се сеќава на никаква несреќа од минатото со која би можел да го објасни клинецот кој се нашол во неговата глава.