Албанските медиуми објавија содржина на едно видео од Одделот за медиуми на ИСИС, Алхајат Медиа Центер, кое како што се вели, било наменето за Балканот, каде членови на ИСИС се заканауваат на земјите од Балканот, пренесува „Макфакс“.

„Упатуваме порака на сите оние кои почитуваат друг господ освен Алах во Албанија, Косово, Македонија и целиот Балкан. Немој да мислете дека ние ги имаме заборавено сите штети што ги вршите врз муслиманите. Немој да помислете дека ние ги имаме заборавено оние кои се непријатели на Алах. … Ние ќе ви дојдеме со бомби“, се вели во пораката.

Овие закани се упатени во видеото на албански јазик од членови на ИСИС со имињата Абу Билкис (Ал Албан), и Абу Микатил ( Ал Косова ).

OhridNews
извор:„Макфакс“