Еден неименуван канаѓанин морал да го напушти авионот на Компанијата Џез Аир недолго откако се качил во Шарлот Таун бидејќи околу себе ширел неподнослива смрдеа. Патниците се побуниле и персоналот бил принуден да го исфрли.


Една жена рекла дека и било многу неудобно да седи покрај него, а еден човек ја опишал миризбата како брутална. Портпаролката на компанијата потврдила дека го исфрлиле патникот, но ја заштитиле неговата приватност. Компаниите немаат пишани правила за вакви ситуации.