Еден возач на градски автобус во Плимут, Англија, исфрлил од возилото мајка со бебе, кое според неговото мислење, многу гласно плачело па не можел да се сконцентрира на возењето. Според локалните медиуми, Шерон Трејси била бремена во четврти месец, а во автобусот влегла со синот Брендон кој имал две години.
Според изјавата на возачот, момчето цело време гласно плачело. Затоа запрел и и рекол на жената да излезат надвор. Шерон се бунела, но на крајот морала да излезе и да пешачи три километри до куќата. Подоцна го пријавила возачот против кој била покрената истрага.