Сите 15 кандидати за шеф на кујната во еден кинески ресторан морале на стомакот на една девојка да исечат диња со нож. Жената лежела на маса само со тенок најлон на стомакот. Морале да ја исечат дињата на тенки парчиња за ограничено време, изјавил портпаролот на хотелот во чиј склоп се наоѓал ресторанот.


Ху Гуа успеал да ја исполни задачата за помалку од една минута без да ја повреди девојката. Вели дека бил многу самоуверен, но и дека сепак имал трема кога требал да ја сече дињата на стомакот. Ху работи како готвач повеќе од десет години.