Како природен диуретик, лубеницата полна со вода ја поттикнува работата на бубрезите и ја забрзува елиминацијата на штетните материи од крвта, па вреди за ефикасно чистење на организмот.

Најдобриот и највкусен начин за гасење на жеддта и надокнадување на течностите кои ги губиме при потењето се вика – лубеница. Оваа популарна летна намирница, која спаѓа во редот на зеленчуци, содржи околу 95% вода, поради што е идеално освежување кое не дебелее.

Како природен диуретик, ја поттикнува работата на бубрезите и ја забрзува елиминацијата на штетни материи од крвта, па вреди за ефикасно чистење на организмот.

Богата е со хранливи состојки, витамини А, Б и Ц, влакна, каротен, цинк и манган. Содржи ликопен, антиоксидант кој спречува стареење на клетките и е одлична превентива против малигни и срцеви болести.

Лубениците се исто така богати и со Л-цитрулин, аминокиселина која го забрзува процесот на отстранување на вишокот на млечна киселина од мускулите, па претставува најдобра намирница за опоравување после тежок физички напор.

извор:zenstvena.com